АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ“

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ“

Завршуваат проблемите на жителите на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Баир, во однос на водата која постојано течеше покрај нивните домови за време на дождлив период.  Деновиве на терен се работеше на поставување на атмосферска канализација. Поради непристапниот терен за работа со машини, се работеше рачно на ископ и поставување на цевките, од страна на вработените во КЈП „Нискоградба“, по налог на Општина Битола. Врeдноста на овој зафат е над 230.000 денари. По поставувањето на атмосферската канализација, оваа уличка ќе биде повторно вратена во првобитната положба, со скалите кои водат до црквичето „Св. 40 маченици“, во месноста попозната како Кркардаш.