Средба со продуцентот Микеле де Ангелис

Средба со продуцентот Микеле де Ангелис

 

   Во кабинетот на Градоначалникот  по втор пат се одржа средба на Битолскиот градоначалник Владимир Талески со италијанскиот продуцент Микеле де Ангелис и режисерот Маријано Бајно кој ке биде режисер на филмот Ритуал кој се планира да се сними во Битола.
   Филмот е според истоименото дело – бестселерот  на познатиот писател Грахам Мастертон. Според Микеле  во главните улоги ќе бидат ангажирани ѕвезди од  Холивуд и од Англија,  а во споредните улоги и македонски глумци.