Во присуство на Градоначалниците на Пелагонискиот регион и претставници на Швајцарската агенција за развој и соработка беше потпишан меморандум за соработка околу реализација на Акциониот план на Регионалната Развојна Агенција на Пелагонија – ПРЕДА” Со овој меморандум се дефинира соработката во наредните две години преку реализација на конкретни проекти во делот на економскиот развој, јакнење на капацитетите на општинската администрација, брендирање на регионот и промоција на индустриските зони.
Исто така беше доделен сетрификат ISO 9001 на Фондацијата Пелагонија –ПРЕДА.