Во големата сала на Центарот за култура во организација на Општина Битола свечено беше затворен фестивалот „Браќа Манаки“. Беа доделени благодарници на основачите на фестивалот меѓу кои и на Кинотека на Република Македонија, чија директорка Илинденка Петрушева заблагодарувајќи се, истакна дека 29 години по ред љубителите на филмот доаѓаат во Битола. На затворањето беше презентирана и www.filmlandbitola.org која е втор чекор на проектот Битола да прерасне во филмски центар на Балканот. Веб страницата претставува промотор на автентичните локации и културно наследство на Битола и Македонија. Истовремено бење објавено членството на Битола во Интернационалната Асоцијација на филмски канцеларии и комисии. Општина Битола отвори своја канцеларија за филм која ќе им асистира на менаџерите на филмски локации во пронаоѓањето на вистинските места и ресурси за снимање филмови овде.
Градоначалникот на Битола, г-дин Владимир Талески најави дека ова затворање е историски момент. „Порачувам, во иднина, Битола ќе биде главниот стожер на Фестивалот и никому нема да дозволиме да го изнесе надвор од градот” – изјави Градоначалникот.