Новата директорка на фестивалот “Браќа Манаќи”, Лабина Митевска, имаше работна средба со Градоначалникот Владимир Талески.
Митевска на прес-конференција информираше дека за прв пат од постоењето на фестивалот, ќе се почне со натпреварувачка програма за кратки филмови, затоа што, како што рече, “сметаме дека мораме да вложуваме во млади сили и енергија”.
Фестивалот “Браќа Манаќи” годинава одбележува јубилеј, 30 години постоење, за што ќе бидела изработена амбициозна програма и како што истакна Градоначалникот Владимир Талески, “токму оваа година се создадени услови да се донесе нов Статут на фестивалот, кој ќе го изработат Министерството за култура, Општина Битола, Кинотека на Македонија и Друштвото на филмските работници на Македонија”.
Годинава, фестивалот ќе се одржува од 27 септември до трети октомври, во Битола.