Градоначалникот Талески и директорката на фестивалот Лабина Митевска го најавија 31 издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Годинешниот добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ е оскаровецот Вилмош Жигмонд од Унгарија кој четири пати бил номиниран за наградта „Оскар“ , а златната статуетка ја освоил во 1977 за филмот „Блиски средби од трет вид“ на Стивен Спилберг.
Филмскиот фестивал ќе се одржи од 16-22 октомври 2010 под мотото „Продолжи да снимаш“ . Годинава на фестивалот ќе бидат прикажани рекордно 90 филмови, а се најавени и голем број на работилници и мастер-клас.