Затворен 28-от фестивал на кинематограферите „БРАЌА МАНАКИ“

Затворен 28-от фестивал на кинематограферите „БРАЌА МАНАКИ“

 

   Првата награда „Златна камера 300 “ стручното жири им ја подели на кинематограферот на филмот  „Живи и мртви“, Драган Марковиќ, од Хрватска и на кинематограферот на чешкиот филм “Му служев на англискиот крал“, Јаромир Шофр. “Сребрена камера 300“ му припадна на кинематограферот  на македонскиот филм „Јас сум од Титов Велес“, Вирџини Сент Мартен. „Бронзена камера 300“ му беше доделена на кинематограферот на американскиот филм „Парк Параноја“, Кристофер Дојл.
Специјалната наградата на Општина Битола оваа година му беше доделена на јапонецот Хидејо Накано за филмот “Таговна шума“, која му ја врачи Градоначалникот Владимир Талески. Рускиот концерн МОСФИЛМ му додели специјална диплома на италијанецот Лука Бигази, кинематографер на филмот “Исчезнатата ѕвезда“.