Карванот „Македонија сурфа“ и во Битола
Претседателот на Совет Лилјана Кузмановска свечано го отвори карванот „Македонија сурфа“финансиран од УСАИД, со кој на граѓаните на Битола ќе им овозможи бесплатен интернет во текот на денешниот ден. Исто така со свои штандови се претставени и познати дистрибутери на компјутерска опрема во Македонија кои ги нудат своите производи по поволни цени. Свој штанд има и Општина Битола на кој ги претставува своите проекти од областа на електронската комуникација.