ЛИТИЈА ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

ЛИТИЈА ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

Со Света божествена литургија во црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ на која чиноначалствуваше Владиката Петар, започна празнувањето на Битола на својот заштитник, патрон на градот, Свети Нектариј Битолски. Веднаш после литургијата низ битолските улици се одржа литија со моштите на Свети Агатангел Битолски.
Напладне митрополитот г.Петар оствари посета на Градоначалникот на Општина Битола на која ги повика верниците на поголема масовност во одбележувањето на овој значаен ден за Битола.