ЗАПОЧНУВА ПРВАТА ЛИКОВНО – КНИЖЕВНА КОЛОНИЈА „БИТОЛА 2013“

ЗАПОЧНУВА ПРВАТА ЛИКОВНО – КНИЖЕВНА КОЛОНИЈА „БИТОЛА 2013“

Од 14.10 до 19.10 во Битола ќе се одржи првата ликовно – книжевна колонија „Битола 2013“. Станува збор за исклучителна манифестација на која ликовни уметници и писатели од Република Македонија со заедничко дружење ќе создаваат книжевни и литературни дела.
На првата културна манифестација од ваков вид учествуваат Христо Петрески, Трајче Кацаров, Борче Минов,Симонида Филипова Китановска, Гоце Илевски, Владимир Илиевски, Марија Мешкоска, Валентина Толеска, Анета Ивановска Симјановска, Искра Беличанска, Панде Петровски, Стојче и Емилија Тоциновски.
Според програмата на колонијата, вечер во Битола ќе биде отворена изложба на цртежи, утревечер ќе биде приреден портрет на ликовниот уметник Панде Петровски, а планирана е и трибина на тема „Писателите на сликата, или: зошто писателите сликаат, а сликарите пишуваат!?“.
Ликовно-книжевната колонија „Битола 2013“ која денеска ја отвори градоначалникот Владимир Талески има за цел да ја потврди нераскинливата врска на книжевноста и ликовната уметност, овој пат изразена преку нови дела во кои ќе биде овековечена денешна Битола.