ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ВО ГАЛЕРИЈА МАГАЗА – ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ГРАНИЦИ БЕЗ ГРАНИЦИ“

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ВО ГАЛЕРИЈА МАГАЗА – ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ГРАНИЦИ БЕЗ ГРАНИЦИ“

Реализацијата на проектот „Граници без граници“ е во завршна фаза.  Во рамките на тој проект вечерва во Галерија „Магаза“ беше отворена изложба на уметнички дела и скулптури изработени од уметници од Општина Корча Република Албанија.  На отворањето на изложбата беа присутни 17 од вкупно 21 уметник од Општина Корча кои своите дела ги претставија пред битолчани.  Како дел од овој проект на 03.02.2012 година во Општина Корча ќе гостува изложба на Здружение на копаничари од Битола.