КОМЕМОРАЦИЈА НА ФРАНЦУСКИТЕ И ГЕРМАНСКИТЕ ГРОБИШТА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРИМИРЈЕТО 11 НОЕМВРИ 1918

КОМЕМОРАЦИЈА НА ФРАНЦУСКИТЕ И ГЕРМАНСКИТЕ ГРОБИШТА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРИМИРЈЕТО 11 НОЕМВРИ 1918

По четврти пат  во Битола се одржаа комеморации на француските и на германските воени гробишта, посветени на 11 ноември 1918 – Денот на примирјето од Првата светска војна, во присуство на  амбасадорите на Франција Жан Клод Шлумбергер и Германија Улрике  Кнотц во Македонија, во присуство на  Министерот за одбрана Зоран Коњановски и Градоначалникот Владимир Талески,
Со  читање молитви, интонирање на француската, германската  и македонската химна, како и со полагање букети свежо цвеќе од голем број домашни и странски делегации, денес на француските и на германските гробишта во Битола заеднички беше одбележан Денотот  на жртвите на француските и германските војници во Првата светска војна..
Покрај амбасадорите на Германија и Франција на воените гробишта во Битола, цвеќе положија и сите воени претставници на земјите кои имаат амбасади во Република Македонија, претставниците на збратимениот град Епинал и др.