ОДБЕЛЕЖАНИ 115 ГОДИНИ ОД ДИПЛОМИРАЊЕТО НА МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК

ОДБЕЛЕЖАНИ 115 ГОДИНИ ОД ДИПЛОМИРАЊЕТО НА МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК

Во НУ Завод и Музеј Битола денес се одржа посебна свеченост на која беа одбележани 115 години од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Битола е посебно значајна како град каде што се наоѓа Воената гимназија каде што се школувале многу команданти кои зеле учество во Турската ослободтелна војна на чело со Мустафа Кемал Ататурк.
Битолската воена гимназија каде што се школувал Мустафа Кемал Ататурк е образовна институција која во голема мера придонесла за развојот на неговата личност. Мустафа Кемал Ататурк кој тука го започна процесот на формирањето на својата интелектуална свест под водство на успешните и познати педагози од тоа време, во 1898 година ја заврши воената гимназија, беше истакнато на денешниот настан.
Манифестациите по повод годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк  во Битолската Воена гимназија почнувајќи од 2010 година секоја година се одржуваат во Пациото на Завод и Музеј и придонесуваат за зацврстување на односите меѓу турските оружени сили и Армијата на Република Македонија.
На денешната манифестација присуствуваа амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, водачот и членови на делегацијата на генералштабот на Република Турција, претставници на Министерството за одбрана на Република Македонија, амбасадори и воени аташеа, ректорот на универзитетот Свети Климент Охридски, градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески и други делегации и гости.