Мир во земјата, мир во светот…Во знакот на овие зборови се одвиваше денешното одбележување на 114 годишнината од дипломирањето на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Одбелжувањето на овој значаен датум се одвиваше во Музејот во Битола, кој всушност во минатото беше воената гимназија каде се школувал големиот Мустафа Кемал Ататурк.
Манифестациите по повод годишнината на дипломирањето на Ататурк во Битолската воена гимназија кои почнувајќи од 2010 година секоја година се одржуваат во Битолскиот музеј ги пренесуваат во денешно време длабоките траги на нашата заедничка историја и придонесуваат за зацврстување на односите меѓу Турските оружени сили и Армијата на Република Македонија.
На одбележувањето, традиционално, како и секоја претходна година присуствуваше Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески.