КАМ МАРКЕТ СО ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИТОЛСКО

КАМ МАРКЕТ СО ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИТОЛСКО

Сопственикот и главен менаџер на КАМ маркетите господинот Гоце Камчев, денес во општина Битола се сретна со градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, каде ја изрази својата хуманост, и донираше продукти и артикли во вредност од пет илјади евра, за загрозените семејства од поплавите кои во изминатиот период го поплавија пелагонискиот регион.
Граѓаните од Битола се наши купувачи и ние чувствуваме обврска, дека треба од тоа што земаме, да дадеме. Целта ни е да помогнеме колку што можеме, сега и во иднина, изјави господинот Камчев.
Градоначалникот јавно му се заблагодари на господинот Камчев, за тоа што тој денес го донираше за загрозените семејства од поплавите.