4 НОЕМВРИ – СВЕЧАНО ОТВАРАЊЕ НА XVI ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ „КАМЕРА 300“

4 НОЕМВРИ – СВЕЧАНО ОТВАРАЊЕ НА XVI ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ „КАМЕРА 300“

 Во организација на Народна техника се одржа XVI Интернационален фестивал  на аматерскиот документарен филм „Камера 300“. Фестивалот свечано го прогласи за отворен Градоначалникот Талески , каде од оваа година две плакети доделува Општина Битола.
 Во официјална конкуренција  од вкупно  66 филмови,   жирито  одлучи да бидат прикажани 21 филмови во 2 официјални проекции.

 Од   избраните    филмови   во    официјална    конкуренција,     а    според Правилникот и пропозициите,  жирито ги додели следните награди:

  • ГРАН ПРИ наградата “Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот “МОЈ ДОКТОРЕ” на авторот Љупчо Петровски од Македонија;
  • “ЗЛАТНА   КАМЕРА   300”   за   филмот   “НА   ГОСТИ КАЈ   ЧИЧО   ТОНИ”   од авторот Валентин Иванов од Бугарија;
  • “СРЕБРЕНА КАМЕРА 300” на филмот “13 КОИИ ВО ЕДНА РАКА” на авторот Радован Ѓериќ од Србија;
  • “БРОНЗЕНА КАМЕРА 300” на филмот “ИСКРИ НА ЖЕЛЕ3ОТО” од авторот Елена Минкова-филмско студио ,,Трима,,   од Бугарија;

Градоначалникот и Советот на Општина Битола доделуваат три награди:

  •  Плакета  за  најдобра  камера  на  Ролф Мандолеси  од Италија за филмот „ЦРНО НА БЕЛО“
  •  Плакета за најдобра режија на  Тинчек Ивануша од Словенија за филмот ,„УМИТЕЛОТ ЈАНЕЗ ПУХ“
  •  Плакета     за     најдобра     монтажа     на     Мице     Чаповски     од Македонија за филмот  „96 СКАЛИЛА“

Организаторите на Фестивалот доделуваат награди за:

  •  Плакета    за   идеја   на   авторот   Валентин   Алахверџиев    од Бугарија за филмот , „НАЈДРЕВНАТА“.
  • Плакета     за    континуирано    истражување    на    Мариово    на авторот Љупчо Петровски