НУ Завод и Музеј заедно со Амбасадата на Р.Италија во РМ го најавија почетокот на имплементацијата на проектот „Активности за заштита и валоризација на археолошките наоѓалишта во РМ“ како дел од програната „Пилот активности во образованието и културата“ финансирана од Владата на Р.Италија. На свечаната прослава присуствуваше и Градоначалникот Талески кој го изрази своето големо задоволство од реализацијата на еден ваков проект кој е од големо значење за Археолошкиот локалитет Хераклеа.