Битола ја зафати голем пожар поради што во вечерните часови во посета дојде Премиерот Груевски и ги посети опжарените места. Оствари средба со кризниот штаб и даде насоки на натамошно делување најавувајќи и помош од странство. Стигна помош од соседните општини, од Флорина-Грција, Хрватска, Австрија. Истата вечер беа евакуирани 174 роми во рекреативниот центар на ЈП Стрежево во Ниже Поле на кои им беа опожарени живеалиштата или беа во опасност.