Здруженијата на македонците од Егејскиот дел на Македонија од повеќе градови, општинската организација на Сојузот на борци, претставници од Светскиот македонски конгрес и локалната самоуправа, денеска ја одбележаа 70 годишнината од формирањето на Првата егејско-македонска ударна бригада. Градоначалникот Талески во своето обраќање нагласи дека оваа година во општина Битола се одбележуваат седум децении од неколку значајни датуми, а истите секогаш треба да се одбележуваат затоа што претставуваат сведоштво на единствената цел – слободна и независна Македонија:
„Овој 18 Ноември значи седум децении од формирањето на Првата егејско-македонска ударна бригада која беше составена од единици од Леринскиот, Воденскиот и Костурскиот дел кои заедно со нашите единици дејствувале во Западна Македонија. Овој настан е достоинствен континуитет на сите македонци кои што со векови наназад имале една единствена цел – слободата на Македонија, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески во своето обраќање.
Денешната свеченост по повод 70 годишнината од формирањето на Првата егејско-македонска ударна бригада се одржа пред пожарната, односно на локацијата каде таа бригада била формирана пред 7 децении.