ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦАТА –ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО БИТОЛА

ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦАТА –ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО БИТОЛА

Општина Битола е дел од проектот Форум на заедницата кој од ноември 2008-април 2010 година ќе се реализира во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка а финасиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта на проектот е да го поддржи партиципативниот развој на заедницата на локално ниво преку организирање на 8 форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии.
Првата форумска сесија се реализира со цел да се одбери темата на реализација на проектите. Од понудените три теми инфраструктура, отпад и спорт и рекреација според мислењето на заедницата најмногу гласа доби темата инфраструктура.