Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР)на ден 18.06.2012 година го одржаа првиот работен состанок во рамките на проектот:“План за развој на прекугранична заедничка заштита од пожар – FIRESHIELD” ,
На првиот работен состанок покрај организациите вклучени во реализација на проектот: Центар за развој на Пелагониски регион, Регионалната развојна агенција на Лерин-АНФЛО, Општина Битола, Општина Прилеп и Регионот Западна Македонија, присутните ги поздрави Градоначалникот на општина Битола г-дин Владимир Талески кој истакна дека ова е еден од позначајните проекти кои Пелагонискиот регион ќе ги реализира во текот на оваа година со оглед на тоа дека во изминатите години општина Битола беше зафатена од голем број на пожари и справувањето со истите беше надминато со над човечки напори. Исто така градоначалникот на општина Битола убеден е дека после имплементирањето на овој проект во голема мера ќе се подобри соработката на противпожарните единици помеѓу општина Битола и Лерин а со една цел поголема заштита од пожари и нивно навремено превенирање.
На овој прв работен состанок присуствуваше и Градоначалникот на општина Лерин г-дин Јоанис Васкопулос кој истакна исто како и општина Битола и општина Лерин во текот на изминатите неколку години се справуваше со големи пожари во изминатите некоку години и се надева дека после имплементирањето на овој проект во голема мера ќе бидат зајакнати капацитетите како на институционално ниво така и на техничко ниво.
Проектот е финансиски поддржан од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.