РАЗВИВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР – FIRESHIELD

РАЗВИВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР – FIRESHIELD

На одржаната промотивна конференција официјално беше означен почетокот на имплементацијата на проектот „Развивање на заеднички план за заштита од пожар- FIRESHIELD“.
.
Во рамките на првиот објавен повик од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија, која што е дел од Компонента 2- Прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош на Европска Унија на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион му беше одобрен проект насловен: “ Developing cross-border joint fire protection plan- FIRESHIELD”.
На оваа свечена конференција беа присутни Градоначалниците во Пелагонискиот регион, Градоначалникот на Општина Лерин, претставникот на Советот на регионот на Западна Македонија, како и голем број на присутни гости и партнери во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин.
Проектот “ Развивање на заеднички план за заштита од пожар FIRESHIELD” е дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција во рамките на првиот повик.

Партнери во проектната имплементација се:
Центар за развој на Пелагониски плански регион – Носечки партнер,
Регионална развојна агенција на Лерин,
Општина Битола,
Општина Прилеп,
Регион Западна Македонија, Грција.
Покрај изработката на заедничкиот противпожарен план за заштита од пожари, предвидено е да се реализираат и следните активности:
Набавка и инсталација на 140 надземни хидранти на територијата на Пелагонискиот регион,
Набавка на 50 комплети софистицирана и скапа спасувачка опрема за интервенција при појава на пожари во  Пелагонискиот регион,
Набавка на компјутерска опрема за успешно локализирање и брза реакција на Територијалните противпожарни единици при појава на пожар во прекуграничниот регион,
Воспоставување на моторизирана волонтерска единица за брза интервениција во тешко достапните места во прекуграничниот регион во случај на појава на пожар,
Потпишување на Протокол за заедничка соработка и интервенција при појава на пожар во прекуграничниот регион,
Размена на искуства и јакнење на капацитетите на ТППЕ во прекуграничниот регион,
Спроведување на промотивна кампања преку подготовка, инсталирање и дисеминација на промотивни материјали (флаери, билборди), отворени денови и медиумска.