ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ИЗБРАН ЗА ЧЛЕН ВО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ ИЗБРАН ЗА ЧЛЕН ВО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА

 
   На последниот Конгрес за култура при Европската Унија што минатиот месец се одржа во Стразбур , Градоначалникот на Битола , Владимир Талески беше избран за член на европската комисија за култура. Предлогот за ова членство дојде од грчката делегација како резултат на нивниот став за огромниот придонес на Талески за културната соработка на градовите од Еврорегионот.
   Со овој избор Градоначалникот Талески ќе има целосен увид во работата и програмата на Европската комисија за култура и ќе ги добива сите материјали од областа на културата од земјите членки на Европската Унија.„Ова е огромно признание не само за мене и за мојот град туку и за Македонија воопшто “- изјави Градоначалникот Талески по неговото враќање од Стразбур.