ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО СКИЈАЊЕ НА ПЕЛИСТЕР

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО СКИЈАЊЕ НА ПЕЛИСТЕР

 

Денеска на Пелистер започна државниот натпревар во скијање. Во вистински зимски амбиент на подготвениот терен, присутните гости ги поздрави Претседател на Федерација на училишен спорт на Македонија:

„Почитувани спортисти, скијачи прво Вас Ви се обраќам во името на федерацијата на училишен спорт на Македонија, Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт. Вие сте навистина нешто што ветува дека Македонија нема да згасне во скијањето. Голем поздрав до Градот Битола на чело со Градоначалникот кој што е навистина по втор пат овде и го заживуваме македонското скијање. Сите наши колеги, особено од Битола, сојузот на училишен спорт на Битола кој што е заеднички организатор со федерацијата заслужуваат големи честитки. Со нив заеднички ова го остваруваме, а секако овој прекрасен амбиент на Пелистер на Битола, ова што го имаме како богатство несмееме да го заборавиме и да го оставиме неразвиено, изјави Претседателот на Федерација на училишен спорт на Македонија проф Александар Туфекчиевски.

Државното првенство на Пелистер на кое учествуваат 130 учесници од 11 градови, го отвори Градоначалникот на Општина Битола, посакувајќи им добредојде на сите гости.