ТРАДИЦИОНАЛЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2009 ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ТРАДИЦИОНАЛЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2009 ГОДИНА НА ПЛОШТАДОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во организација на Општина Битола се организира традиционален дочек на Новата 2009 год. со богата културно забавна програма. Програмата започна со детскиот фестивал Тра-ла-ла и театарска претстава. Потоа настапија  Филип Крстевски, Бојан Стојков, Икс Бенд, Чоканче, Памперси, Деспина, Фолтин, Дани, Влатко Лозановски, Паркети и Блех оркестар „Блезери“ и Маријан Стојановски. Градоначалникот Талески ги поздрави битолчани и заедно со бројните граѓани на плоштадот Гоце Делчев ја испратија старата и дочекаа Новата година, со желби за добро здравје и срека во новата 2009 год. Потоа следеше голем огномет.