СПЕКТАКУЛАРЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2015 СО КАЛИОПИ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

СПЕКТАКУЛАРЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2015 СО КАЛИОПИ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

Општина Битола уште еднаш покажа дека умее да направи исклучителна организација почитувајќи ги вкусовите и интересите на своите граѓани. Многу забава, прекрасни хитови кои ја раздвижија публиката, преполн плоштад и среќни лица беше синоќешната слика на Плоштадот Магнолија за дочекот на Новата 2015 година. Добрата содржинска конципираност на програмата придонесе за загревање на битолчани, кои воопшто не ги чувствуваа минусните температури и од срце се забавуваа. Забавата достигна кулминација со настапот на Калиопи која во живо пееше и играше заедно со битолската публика. Во денешната изјава за медиумите Калиопи вели:
„Овој дочек ќе го паметам по прекрасната битолска публика и извонредната организација. Оваа публика го заслужува најдоброто, а најдоброто се случува кога е се од срце. Јас вчера не ги почувствував ниските температури, бидејќи народот беше мојата топлина. Ја користам оваа прилика уште еднаш на сите да им се заблагодарам и да им ја честитам Новата година“, рече Калиопи.
На синоќешниот дочек, точно на полноќ на своите сограѓани Новата година им ја честита и градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.