ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НА ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА

ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НА ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА

 
Во чест на големиот успех на Оливера Наковска Бикова, Општина Битола на Плоштадот Магнолија организира едночасовна музичка програма со наслов „Добре ни дојде Оливера Наковска Бикова“. Градоначалникот Владимир Талески уште еднаш јавно и се заблагодари на Оливера Наковска Бикова за големиот успех, а македонската репрезентативка во стрелаштво испрати голема благодарност до сите граѓани и нејзини искрени поддржувачи на патот до големиот успех. Свое обраќање имаа и Д-р Нико Јанков, претседател на здружението на телесно инвалидизирани лица и Васко Стефановски, претседател на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Битола. Дел од програмата беа Ламбе Алабаковски и познатите битолски групи: Памперс и Паркети.