ОБЕЛЕЖАНИ 66 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

ОБЕЛЕЖАНИ 66 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

По повод  годишницата од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта-Треблинка, Градоначалникот Талески оствари прием на делегација предводена од родениот битолчанец Јехуда Албохер кој многу години живее во Израел, а и ова година дојде во Битола да им одаде почит на жртвите на Холокаустот од Македонија.

Делегацијата на македонски Евреи предводена од гостинот од Израел Јехуда Албохер и Градоначалникот Талески положија свежо цвеќе пред споменикот на депортираните евреи од Битола и споменикот на народниот херој Естреа Овадија Мара.