ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОМИРУВАЊЕТО

ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОМИРУВАЊЕТО

 На француските гробишта во Битола се одржа комеморација организирана од страна на германската и француската амбасада во Скопје.
На комеморацијата беа присутни и положија венци и букети свежо цвеќе македонскиот министер за одбрана Фартмир Бесими, претставници на повеќе дипломатски претставништва на земјите членки на ЕУ, Русија и САД, претсавници на политички партии од Македонија и здруженија на граѓани кои гои негуваат и одржуваат спомените на загинатите борци од Првата светска војна, Градоначалникот на Битола Владимир Талески , како и делегација на Епинал (Франција).
Во своите трогателни говори, Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер и францускиот амбасадор Жан-Клод Шлумберже потсетија на пораката: да погледнеме во минатото за подобро да размислуваме во иднината.