ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА И ЕКОЛОГИЈАТА

ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА И ЕКОЛОГИЈАТА

По повод денот на пролетта и денот на екологијата, Општина Битола презеде повеќе активности за расчистување на дивите депонии во градот. 

Децата од детските градинки Естреја Овадија Мара и Мајски Цвет на плоштадот Магнолија и низ Широк Сокак пренесоа пораки за здрава и чиста животна средина

Магистрален пат М5 – мост чистење на дива депонија (чистењето се одвива во соработка со јавните претпријатија, присуствуваше и Градоначалникот Владимир Талески, кој најави дека ќе се бара трајно решение за санирање на оваа депонија која се наоѓа на доста фрекфентно место и која честопати се повторува).
 
 Улица Анести Пановски (наспроти Болница Плодност)Градоначалникот Талески  советниците од Советот на Општина Битола засадуваа дрвја.
 
Покрај овие активности, учениците а во текот на наставниот ден  издвоија по еден час за расчистување на училишниот двор и училниците.  Обврска за расчистување имаа и урбаните заедници, а сметот ќе го отстрануваат јавните претпријатија во координација со училиштата и урбаните заедници.