Со повеќе настани денеска во Битола беше одбележан Денот на Европа. Свеченостите по повод 9 ти мај започнаа во 11.00 часот со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура, по што следуваше музичка програма на Плоштадот Магнолија. Програмата започна точно напладне со интонација на националната химна и химната на Европската унија. Пред присутните посетители свое обрачање имаа Градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески и италијанскиот амбасадор НЕ Фабио Кристиани.
„Денеска се зборува за земјите членки на Европска унија, за концептот и придобивките на ЕУ и мислам дека е убаво затоа што ваквото внимание е и концепт на целата држава. Влезот во ЕУ сите овие години наназад е голема, широка тема и мислам дека и најмалите деца знаат дека придобивките би биле големи. Денот на Европа не обединува сите, и земјите членки во Европската унија , но и земјите пристапнички кои природно и географски припаѓаме во ЕУ изјави градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.
Ученици од 12 основни училишта и средното училиште Јане Сандански на 13 штандови извршија претставување на земјите членки на ЕУ –,Италија,Чешка, Словенија Ирска, Германија.
Италијанскиот амбасадор кој во Битола доаѓа по четврти пат ја покажа својата импресионираност од убавините што ги нуди овој град:
„Битола е преубав град. Доаѓам по четврти пат. Се гледа историјата на овој убав град. Навистина прекрасно не примивте и воодушевен сум. Ова покажува колку ентузијазам и доверба има кон Европа. Сакам само една порака да Ви кажам: Ве очекуваме наскоро во Европа“, изјави италијанскиот амбасадор НЕ Фабио Кристиани.
Забавната програма продолжи со настап на детскиот хор „Ѕвончиња“, Флеш моб – детска креативна работилница Бири Бам, хип хоп група „Стиховно војување“, ПОЕТИКА, ромска хип хоп група, кант автор Филип, група „РОК БАНДА“, пеачка група при Државното музичко училиште, како и премиерна изведба на песната „Среќни луѓе“.Вечерва во 20.00 часот по повод Денот на Европа во Центарот за култура ќе биде отворена Италијанска филмска недела.