ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

По повод денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, денеска пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, претставници од Советот на Општина Битола, Сојузот на борци и други организации. Градоначалникот Талески, на сите граѓани на Република Македонија уште еднаш им го честита денешниот ден, потсетувајќи дека денес се празнува постигнатото, се слави минатото, но и се трасира иднината:
„Ја користам оваа можност уште еднаш да го честитам големиот празник на Македонија, Денот на независноста – 8 Септември. Денеска се собравме со претставници од Советот и други граѓани кои што сакаа заедно со нас да оддадеме почит на овој голем ден. 8 Септември е денот кој ги обединува сите идеи на сите генерации од сите епохи, многу, многу наназад. Независна, слободна, суверена Република Македонија, пред 22 години го доби она што го посакуваа многу генерации наназад. Оваа слобода, оваа независност, оваа сувереност што денеска ја живееме, всушност е плод на многу жртви, на многу луѓе кои генерациски наназад и своите животи ги положиле во ова што го имаме денеска како една голема придобивка. Затоа сме горди на овој ден. Денешниот ден ги обединува сите македонци каде и да сме, на сите меридијани. Посебно сме горди затоа што над две децении ја имаме Македонија во онаа форма, во оној облик кој што најмногу го посакуваме. Сега останува денешните генерации, сите ние да се избориме за нешто што цениме дека е најдобро за Република Македонија, а тоа е интегрирање во Европското семејство. На тој начин, ќе ја вмрежиме Република Македонија во еден систем кој што значи заедничка соработка со сите земји членки на Европската унија. Во таа смисла, уште еднаш го честитам денешниот ден и им посакувам на сите идни генерации да живеат во обединета Република Македонија во Европското семејство, независна, суверена, онаква каква што ја посакуваа сите генерации наназад, онаква каква што ја посакуваме и ние и и во каква што живееме и се разбира Македонија која ќе донесе перспектива и поубав живот на сите наши граѓани“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, Д-р Владимир Талески.