ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ГОЛЕМИТЕ КИНОМАЈСТОРИ БРАЌАТА МАНАКИ

ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ГОЛЕМИТЕ КИНОМАЈСТОРИ БРАЌАТА МАНАКИ

По повод годишнините од смртта на браќата Јанаки и Милтон Манаки на влашките гробишта беше положено свежо цвеќе од страна на Градоначалникот Талески, претставници на Советот на општината, претставници на Комуната на Власите  и други институции.
Градоначалникот Талески уште еднаш ја покрена идејата за реконструкција и изградба на старото кино на Браќата Манаки пред кафе –барот „Корзо“, идеја која се надоврзува на заложбата Битола  да биде филмски град.