ОТВОРЕН ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА НА УЛИЦА

ОТВОРЕН ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА НА УЛИЦА

Во присуство на Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, Градоначалникот на Битола Владимир Талески, Амбасадорката на Италија и други гости беше отворен дневниот центар за деца од улица
 Во дневниот центар за деца на улица,  ќе бидат сместени сите оние деца кои на битолските улици, паркиралишта, пред големите маркети питачат. Дневниот центар има капацитет за 20 деца, а деновиве во него ќе има 19 деца. Инаку, во Битола има регистрирано 67 вакви деца, пред се од ромска националност.
 Децата кои ќе бидат сместени во дневниот центар ќе добиваат оброк, едукативни советувања, игри.
 Центарот се наоѓа до Домот за доенчиња и мали деца и Дневниот центар за деца со посебни потреби
 Проектот е поддржан од МТСП , УНИЦЕФ и Амбасадта на Р. Италија во РМ