Битола
препознатлива
конзулска
и туристичка дестинација
Транспарентна Општина со максимална
ефективност, ефикасност, отчетност и
сервисно ориентирана администрација
Општина извор на благосостојба
со личен просперитет и Европски дух
Хераклеа Линкестис
порта на античката мисла
уметноста и древноста
Општина на еднакви можности
социјална инклузија и
нулта дискриминација
Одлични развојни
јавни и приватни инфраструктурни можности
со Европски квалитет
Општина која е
посветена на граѓаните
Општина со почит кон традицијата
религијата, моралните вредности
и обичаите
Атрактивен центар за живеење и
бизнис со одржлив развој
Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
Во текот на 2020 година организирани се повеќе средби со граѓани, он-лајн состаноци со невладини организации, здруженија, спортисти, претставници на бизнис секторот, родители, наставници, директори, пензионери и други претставници на различни области на општественото живеење.
Во реализираните разговори, пред Градоначалничката м-р Наташа Петровска и стручните служби во Општина Битола, презентирани беа повеќе идеи, иницијативи и предлози, кои согласно можностите за реализација, беше побарано да бидат вклучени во годишните програми или развојната програма на Општина Битола.
Свои барања за приоритетни проекти, до општината доставија и претставниците на урбаните и месните заедници.
Врз основа на ваквата соработка со граѓаните и пристигнатите предлози, изработен е предлог Буџетот на Општина Битола за 2021 година кој е достапен на увид.
Заедничкото и транспарентно креирање на буџетот, има за цел заеднички да реализираме бројни проекти, кои потекнуваат од Вас граѓаните и се наш заеднички приоритет.
Низ неколку видео материјали, прикажуваме само дел од проектите кои се предвидени да се реализираат во 2021 година.
Заедно, локалната самоуправа и граѓаните, можеме да реализираме многу повеќе и да работиме на реализација на визијата за живот во општина, каква што секој жител посакува.