На прес конференција Градоначалникот Талески и невладината организација Младински културен центар кои се организатори на овој фестивал, ја најавија програмата за овогодинешното 7 издание на „Битола отворен град”, во рамките на Бит фест.
Фестивалот ќе трае од од 26-ти до 29-ти август на повеќе локации во градот се предвидени концерти на групи од земјата и странство, отворени улични журки, изложби, перформанси, театарски претстави и работилници, а фестивалот традиционално завршува со голем музички настан во соработка со Фреш Унион, овој пат со спектактакуларен концерт на големата балканска музичка атракција Ван Гог на Олимпискиот базен во Битола и Дј Хенри Саиз од Шпанија.