Градоначалникот Талески и директорите на културните институции во градот пред средствата за информирање го најавија 6-то издание на битолското културно лето „Бит –фетс 2011“ кое започнува на 25 јуни на локалитетот Хераклеа со концерт на филмска музика „Плачот на виолината“ во изведба на гудачкиот камерен оркестар АРКО под диригенската палка на Ерхан Шукри.
И оваа година програмата на „Бит –фест“ е богата со културни настани преку 120 од сите уметнички жанрови и ќе трае до 27 август