БИТ ФЕСТ:ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ЈА ОСВОИ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

БИТ ФЕСТ:ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ЈА ОСВОИ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

Влатко Стефанoвски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња во рамките на одбележувањето 40 години на сцена, во Битола одржа концерт во амфитеатарот Хераклеа, во рамките на БИТ ФЕСТ 2014. Битолската публика, но и оние кои дојдоа од други градови на Македонија уживаа со песните на Стефановски меѓу кои и оние од актуелниот албум „Сеир“. Публиката повторно громогласно го награди со аплауз најголемиот македонски музичар на сите времиња. Овој македонски виртуоз секогаш прави концерти за паметење, така беше и на настапот во Хераклеа.
Стефановски со својот бенд заедно  со публиката ја испеаа антологиската песна „Чукни во дрво“.
Инструменталистите кои го пратеа беа исто така професионалци од највисок ранг, а  пратечкиот вокал на Андријана Јаневска беше на ниво на задачата. Концертот со исклучителната организација резултираше со расположена публика која едноставно го впиваше настапот на подиумот.