Традиционалната трка на штикли на Широк сокак се одржа вчеравечер во организација на младинскиот културен центар – Битола, а со цел да промовира нови алтернативни начини за збогатување на забавниот живот на младите и во истражувањето и користењето на алтернативни простори.
Манифестацијата Трка на штикли на Широк сокак се организира по трет пат, по успешниот старт во 2008 година.
Водител на манифестацијата беше Игор Џамбазов, а регуларноста на трката ја следеше трочлено жири во состав на јавни личности, меѓу кои и градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. Настанот беше исполнет со богата музичка програма.
Во трката на штикли на Широк сокак традиционално учествуваа девојки од цела Македонија кои се натпреваруваат во две полуфинални трки и една финална трка. Сите натпреварувачки добија вредни награди.
Трката на штикли во Битола се организира по примерот на повеќе европски градови, како што се трките кои се организираат на улиците “Кнез Михајлова” во Белград и “Страдун” во Дубровник.
Трката е дел од битолско културно лето Битфест.