БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА ВТОРИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ“

БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА ВТОРИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ“

Во Културниот центар Магаза се одржа промоција на вториот број на списанието „Современи дијалози, кое излегува во рамките на Македонското научно друштво и Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво, чиј раководител е истакнатиот драмски писател и поет Зоран Пејковски.
На настанот беа доделени и годинешните признанија на истакнатите творци во културата во Битола, и тоа:

Годинашниот добитник на признанието за животно дело за висок уметнички придонес во афирмацијата на целокупната македонска литература, драмска уметност и култура е познатиот наш сограѓанин Владимир Костов.
Еден од најплодните битолски и македонски прозни писатели е и Петре Димовски, човекот кој во македонската романсиерска средина создава еден нов вид на романсиерско – раскажувачко пишување е добитник на признание за висок уметнички придонес во афирмацијата на целокупната македонска литература и култура. Поетот Кире Неделковски го доби признанието за висок уметнички придонес во афирмацијата на целокупната македонска литература и култура.
Актерката која одигра многу насловни улоги, која остава длабоки белези во македонскиот театар и која годинава го прославува својот 30 годишен јубилеј во професионалниот театарски живот – Соња Михајлова го прими високото годишно признание за висок уметнички придонес во драмската уметност, филмот и културата. Во истата област добитници на признанија се и актерите Валентина Грамосли и Петар Мирчевски.
Признанието за висок уметнички придонес во афирмацијата на македонската литература и култура беше доделено на УЛК „Дениција“ од Битола, а го прими претседателката на универзитетскиот литературен клуб Гордана Стојановска.
Годишното признание за серија информации за популаризација на културата на општина Битола и беше доделено на новинарката Анета Шијакова.