СИЛВИ БЕНД ОДБЕЛЕЖАА 25 ГОДИНИ НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА

СИЛВИ БЕНД ОДБЕЛЕЖАА 25 ГОДИНИ НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА

Во прекрасниот простор на битолскиот културен центар Магаза, Силви бенд одржа прекрасен концерт со кој го означија своето 25 годишно постоење на музичката сцена. Оценувајќи ја битолската публика како најдобра Силви бенд ја прошета публиката низ времето од нивните почетоци до денес. Публиката имаше можност да слушне повеќе композиции од фестивалски настапи, меѓу кои: „Лет на гулаб бел“, Македо ламбада, Песна за нас, Како да научам, Јас сум твојот џез, Болеро, Убавица и ѕвер, Нема проблем, I love you baby, Љубов само за мен, Бакнеж како музика, Уште една ноќ без тебе, Ако ме љубиш, Ме полудуваш, Лето, Далеку, Не сакам крај, Бакнежи врели, Само мој, Македонија, Твојте очи Лено, Романса,Ангели ме носат, Сонце по дождот, Најмил мој.