БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ НА„ШАМАН“ РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ НА„ШАМАН“ РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Етноџез Триото “Шаман”  од Бугарија одржа концерт во Културниот центар Магаза. Настанот е дел од програмата на БИТ ФЕСТ, а во бендот членуваат: Валери Димчев (тамбура, синтисајзер, гитара), Лачезар Стаматов (кавал и вокал) и Иван Цонков (тапани и ударни инструменти). Голем број светски медиуми имаат објавено одлични рецензии за настапите на „Шаман“, а истото го потврдија и со синоќешниот настап во Битола.