БИТ ФЕСТ: ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „See a Paris“

БИТ ФЕСТ: ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „See a Paris“

Во рамките на филмските денови во Битола беше прикажан филмот: “Вегетаријанец канибал”, (Хрватска), реж. Бранко Шмит, 85 мин.
Данко Бабиќ е гинеколог во водечката хрватска клиника за гинекологија и стерилитет. Бескрупулозно амбициозен, корумпиран и неморален, тој е поврзан со загребскиот организиран криминал од најдолен вид и е подготвен да направи се за да се здобие со пари и моќ. Површен во својата работа, тој прави серија на фатални грешки кои што резултира со смрт на бремена пациентка, вадење на здрави органи, итн. Тој е заштитен од срам и казна од страна на корумпираните патолози и неговиот пријател, полицаец по име Илија, кој е дилер на дрога. При постојаното балансирање на работ на затворска казна, Бабиќ се оддава на дрогата и алкохолот,. Со лаги и фалсификувани резултатите, Бабиќ успева да дискредитира своите колеги и станува шеф на клиниката. И кога д-р Бабиќ навидум успева да ги исполни сите своите цели, од него се бара да изврши абортус на жена, која е бремена во седми месец и носи дете на Министерот за транспорт.