Во една прекрасна атмосфера на Пациото на Завод и Музеј, Битолскиот камерен оркестар и пријателите го претставија досега најголемиот проект на Камерниот оркестар – Rock Symphony. Публиката во Битола покажа голем интерес за рок операта која го преполни просторот на пациото собирајќи близу 1000 гости. Камерниот оркестар од Битола заедно со Ѓоко Танески , Наде Талевска , Бојан Стојков , Ирена Димовска(Памперс), Нико Ѓоргиевски, бенд и хор, направија да се долови вистинскиот впечаток на она што значи светско, а наше.
„Ми беше чест што бев дел од еден ваков концерт, каде што повеќето или најголемиот дел беа од Битола, само јас и Ѓоко бевме однадвор. Огромна чест што ја добив таа покана. Многу ми е драго што успеав да се организирам и да дојдам тука да настапам. Прекрасно искуство.Оркестарот заедно со бендот звучеа светски. Јас се воодушевив “, изјави Наде Талевска
„Секогаш е предизвик да се настапува пред битолската публика и со камерен оркестар, затоа што обожав да пејам во живо. Обожавам предизвик кога се во прашање песни како што се The show must go on, кои е тешко да се изведат во вистинска интонација, но јас ете смогнав сили и го направив тоа. Исто така, дружењето е пред се. Битолската публика е феноменална и знае да ужива во тоа што го гледа и слуша“, изјави Ѓоко Танески.
Во Rock Symphony на БИТ ФЕСТ беа изведени најголемите рок хитови на сите времиња меѓу кои:We are the champions, Rock you like a hurricane, Full for your loving,The show must go on, Barcelona и многу други.