БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА КНИГА „БИТОЛЧАНКАТА МАЈКА ШУМЛЈАНСКА“

БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА КНИГА „БИТОЛЧАНКАТА МАЈКА ШУМЛЈАНСКА“

Во Културниот центар Магаза беше промовирана книгата „Битолчанката Мајка Шумлјанска“ од Никола Миновски. Сопружниците Захарија и Јулијан Шумлјански работејќи на хуманистичката дејност и на полето на националното дело, станаа големи маченици и страдалници. Годинава се навршуваат 150 години од раѓањето на големата македонска хуманистка и народна дејателка и просветителка Захарија Шумљанска која го доби најскапиот епитет на човечкиот род – мајка. Таа беше вистинска мајка на стотици сираци останати од катастрофалните последици од Илинденското востание. Низ улиците и пазарите во Битола скитаа боси, голи и гладни деца – сираци чиј родители загинаа во борбите или беа затворени како и возрасни луѓе чиј села до темел беа опожарени. Захарија наоѓаше време, средства и начини како да им ги ублажи страдањата на децата сираци, на затворените и болните, со храна, облека, лекарства и други средства на гладните и бездомните, вели авторот наместо предговор во дел од својата брошура.
Синоќешната промоција помина со голем интерес од страна на битолчани.