ПРЕМИЕРА НА МЈУЗИКЛОТ „ОПЕРА ХАУС“

ПРЕМИЕРА НА МЈУЗИКЛОТ „ОПЕРА ХАУС“

Во Домот на АРМ синоќа, премиерно беше изведена операта “Опера ха­ус” (The Opera House), работена според “Фантомот од операта” од Ендрју Вебер.
“Опе­ра хаус” има елементи на мјузикл и на театар. Како солисти настапија Нико Ѓор­ѓи­ев­ски, Марина Коруновска и Денис Али­тов­ски, а од актерите учествуваа Валентина Грамосли и Борче Ѓаковски.
Ликовите во Тhe Opera House егзистираат во оперска куќа-сцена каде постојат конвенционални правила на однесување. Тоа е свет- простор- каде реалноста на ликовите станува кошмар. Ликовите се затекнати во несвојствени ситуации во кои мора да бираат меѓу материјалното и духовното, меѓу љубовта и омразата, убавотот и грдото, реалноста и фикцијата. Не постои след на нештата, секој се обидува хедонистичкиот и алтруистичкиот поглед на животот да го преточи во сопствена реалност, само за себе.
Тенденцијата на ликовите е да се спознаат, да ги пребродат искушенијата и да се реализираат во (со) чиста невина љубов (музика). Нивните морални премиси го отвораат прашањето за вистинските  критериуми и вредности на човекот- човек и на уметникот- уметник  притоа оставајќи ја вечната дилема дали вистинскиот живот е на сцената или позади неа. Дали чистата љубов бара жртва, или жртвата бара љубов. Дали сите сме актери на големата сцена што се вика живот. Дали…