БИТ ФЕСТ: БАЛКАНСКА КОЛОНИЈА НА РАКОТВОРБИ – СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ

БИТ ФЕСТ: БАЛКАНСКА КОЛОНИЈА НА РАКОТВОРБИ – СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ

Модна ревија„Битола го пресретнува Берлин“
Во рамките на деветтото издание на битолското културно лето Бит ФЕСТ оваа година по втор пат се одржа Балканската колонија на ракотворби. Целта со оваа колонија е обединување на ракотворците, подигнување на нивните професионални стандарди, за да може со нивното промовирање да се помогне во нивно економско зајакнување.
На затврањето на колонијата во Домот на АРМ се одржа и модна ревија Maketra meets Lilu, каде што како модни креатори се јавуваат Марија Трајкоска Мујомбано и Јелена Станаревиќ, Сашка Митевска – фотографија, Соња Исмаил – музика, Иван Коцка Јанчев – арт дизајн, Ксенија Вангеловска – визажист, Елена Ивановска – козметика, Гордана Кузевска – стилист.
Под називот Le Brand ft. The Muses дизајнерката Лили Кадинска организираше моден перформанс на кој беа претставени највпечатливите креации од досегашните колекции на нејзината етикета „Ле бренд“, со стајлинзи изработени од неколку дами-пријателки и соработнички на Кадинска од Битола. Тие се појавија во финалето на шоуто, а беше изработен и едиторијал со талентираниот фотограф Владимир Видановски.
Ревијата имаше интересен концепт: модни парчиња на LeBrand стилски комбинирани од девојки, односно жени од Битола што негуваат свој препознатлив стил на облекување.
Во улога на стилисти се најдоа: Неда Маретиќ, Ангела Христовска, Марина Цигарида, Васка М. Младеновска, Ана Василева, Маја Кузмановска, Марија Петровска и Елена Стојчева.
„Јас вечерва имам 5 фустани кои се лични мои. Инспирацијата е соработката меѓу мене и Марија Трајкоска Мујомбано (модна креаторка), меѓу нашите алтер-ега. Главната инспирација е афричката уметност, афричката музика држењето на афричката жена и самодовербата која треба да ја поседува секоја жена воопшто. Мислам дека битолчанките го имаат тоа нешто во себе. Ова мислам дека е една платформа за креативците и уметниците од било кој вид, во кој спаѓаат според мене и дизајнерите. И ова служи како мотивација за младите од Битола да ги преземат работите во свои раце и без разлика со што се занимаваат, ако сметаат дека тоа е уметност да го покажат“ – изјави Јелена Станаревиќ, модна креаторка.
„Моите модели, односно моите стајлинзи денес се од типот на „рок принцези“, даваат порака на самоуверени жени кои треба да се борат во нивниот живот, да не паѓаат пред ниедна пречка. Мислам дека некако сите сме на иста фрекфенција, имаме женска самоувереност, карактеристика што секоја битолчанка треба да ја има“ – рече Неда Маретиќ, новинарка.
„Во проектот поканив неколку мои пријателки и соработнички, кои се активни во јавниот и општествен живот во Битола и пошироко. Сите тие на некој начин, преку своите дела, придонесуваат за развивање на културната и општетствена свест. Ги нареков музи зашто секоја од нив сметам дека е доволно посебна и инспиративна за да биде нечија муза. Целта ми беше пред сè на крајот од едно работно лето да излеземе малку од рамките на клишето и самото учество на овој настан да биде повеќе забава отколку обврска. Првичната замисла беше преку креациите на „Ле Бренд“, во комбинација со парчиња од личниот ормар на овие девојки, да го претстават својот стил и нивната перцепција и доживување на моделите на „Ле Бренд“. Но на крај излегоа стајлинзи кои наликуваат на моден едиторијал. Ова дефинитивно беше искуство што јас и дамите кои учествуваа би го повториле уште еднаш- вели Лили Кадинска.