БИТ ФЕСТ„ЖИВОТ И ДЕЛО – КИРИЛ МАКЕДОНСКИ“

БИТ ФЕСТ„ЖИВОТ И ДЕЛО – КИРИЛ МАКЕДОНСКИ“

Во Малата сала на Центарот за култура, по иницијатива и координација на Академик Георги Здравев беа одбележани 60 години од првата македонска опера, 30 години од смртта на Кирил Македонски. Учесници во настанот беа Проф. м-р Јасминка Чакар – клавир, а со свои излагања настанот го збогатија и Проф. Д-р Вера Стојчевска Антиќ и
Марко Коловски- музиколог. Исто така, беше прикажан и Документарниот филм “Кирил Македонски “ од авторот м-р Никола Талевски.