БИТ ФЕСТ И КИРИЛИЧНОТО ПИСМО ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА ЈАПОНЦИТЕ ОД КУМАГАЈА

БИТ ФЕСТ И КИРИЛИЧНОТО ПИСМО ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА ЈАПОНЦИТЕ ОД КУМАГАЈА

Јапонски танци и традиционална јапонска музика деновиве се дел од БИТ ФЕСТ 2014. Нивната атрактивност привлече големо внимание кај битолската публика, а денес музичарот Сасаки Јуко, претставници од општината Кумагаја во Јапонија и центарот за мултикултурна соработка ја посетија општина Битола.
Пренесувајќи ги своите впечатоци, гостите изразија воодушевување од големото културно историско богатство на Битола и од можноста истото да се презентира во Јапонија и да се отвори можност за понатамошна соработка на повеќе нивоа, пред се во туризмот, културата, економскиот развој.
Гостите од Јапонија на денешната посета ја изразија и воодушевеноста од кириличното писмо, особено од некои кирилични букви, како Д, З, Ж, Ш итн. кои во Јапонија се многу користени особено во електронската комуникација помеѓу младите.
Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески најави продолжување на започнатата соработка и реализирање на идни заеднички големи проекти.