БИТ ФЕСТ: НИЕ НЕ ГЛЕДАМЕ СО ОЧИ, НИЕ ГЛЕДАМЕ СО СРЦЕ – ЗА БИТОЛА

БИТ ФЕСТ: НИЕ НЕ ГЛЕДАМЕ СО ОЧИ, НИЕ ГЛЕДАМЕ СО СРЦЕ – ЗА БИТОЛА

Во организација на ЗГ Слепи лица во културниот центар Магаза се одржа перформансот „Ние не гледаме со очи, ние гледаме со срце – За Битола“.
Во рамките на овој настан беше отворена изложба на ракотворби изработени од слепи лица, беше промовирана кратка монографија за Здружението за слепи лица – Битола, поетски рецитал и музичко сценски перформанс, како и оддавање признанија „Почесни членови“ на Здружението на Слепи лица Битола. Признание и беше додеделено и на претседателката на Советот на општина Битола, д-р Силвана Анѓелевска.